Крик
Мака ми го фати грлото Болка ми ги стега градите И стравот бега од мене Јас полека се спуштам кон врелото.
Мака ми го фати грлото Болка ми ги стега градите И стравот бега од мене Јас полека се спуштам кон врелото.
Тргна Продолжи, не врти се, Не се навраќај Подобро не барај. Еве уште малку Овие три дена Па тргни надалеку Под полна месечина Ќе те прати Нивната молитва.
Погледот кажува сè Изгледот отсекогаш само мамеше Не се оддалечуваше од мене Со благодатта ме галеше.
Спиеш ли додека ноќта ме гуши? Дишеш ли додека денот ме заслепува? Гледаш ли во виделина додека те држам во темнина?
на човекот Зборот кој мирно се слеваше од твоите усни како да самуваше, до нас тивко наминуваше на тивок летен ветер наликуваше.
Сè почна Кога благодатта стана медоточна Излевајќи се врз глави млади Посака да чуе глас од човек кој не стари
Поврати се! Не се борам, Не е моја борба – Промрмори човекот, Друго не помисли, Зошто не го слушна одекот.
Гледам во далечина Сепак не догледувам, Пред мене е рамнина Сепак претстои планина.