поезија

0-02-05-be401e10bc21998cb63c69c1741df25c52dc3fb98ad8659abbb8a2544add88bb_full

Тишина

Тивко ветре нешумливо Извира за трагач непрестајно Широко раце распростира Игра е за неа секоја промена, Наоколу сегде ме бара А кога ме најде, не ме остава

slep

Духот – прва мисла

Незадржлив Секаде присутен Неподмитлив Вистината го прати везден.

0-02-05-e8e0f71dee81ef75a4d6741a44d78d9e27a2a0c4fa430e71e9ff481d8622af5e_full

Ревност – На Св. Илија

Единствено тебе величание се двоумам да ти вознесам, ти кој го туркаш нашето бреме а ме оставаш со духот мој по тебе да талкам.

20

Пеперутка – На св. Марина

Возвеличуваме величина стокмена во маленкост, се радуваме на телесна недооформеност води младешки запреа во нерамнина. Тивко, тивко, Радувај се, Света Марино !

0-02-04-0262bedd22bd694017b0ad9df966e49404ccc86e4f4b06ffe0a6dd6cf1242a83_full

Грижи

Не дојдоа сами до мене Не се накалемија без основа Сенки се кои одат по мене Плодови на Твојата доброта

FAE

Празнина

Се наоѓа во мојата рамнина со прст ја покажувам а не е во далечина – нејзината големина да ја доловам.

WP_20170719_09_09_13_Pro_LI[1]

МАНАСТИРСКИ ВОДИ – Првата стихозбирка од Слепченскиот манастир

Излезе од печат првата стихозбирка, богољубива поезија со наслов „ Манастирски води „ од сестринството на манастирот Свети Јован Крстител Слепче, посветена „На жедните… “ Рецензент на оваа книга е проф. д-р Владимир…