Народи
Кога раскажавте за себе Кога се протумачивте, Побаравте корени свои Изнедрени во мисли умствени ?
Кога раскажавте за себе Кога се протумачивте, Побаравте корени свои Изнедрени во мисли умствени ?
Тивко ветре нешумливо Извира за трагач непрестајно Широко раце распростира Игра е за неа секоја промена, Наоколу сегде ме бара А кога ме најде, не ме остава
Незадржлив Секаде присутен Неподмитлив Вистината го прати везден.
Лудост беше истерана кога до премудрост се допре, слобода беше подарена кога блиску до вистина се најде.
Единствено тебе величание се двоумам да ти вознесам, ти кој го туркаш нашето бреме а ме оставаш со духот мој по тебе да талкам.
Возвеличуваме величина стокмена во маленкост, се радуваме на телесна недооформеност води младешки запреа во нерамнина. Тивко, тивко, Радувај се, Света Марино !
Не дојдоа сами до мене Не се накалемија без основа Сенки се кои одат по мене Плодови на Твојата доброта
Се наоѓа во мојата рамнина со прст ја покажувам а не е во далечина – нејзината големина да ја доловам.