Поуки 2014
27 noemvri 2014
Подобро да не го оставиме малото, отколку да се фаќаме за големото. Преп. Макариј.
25 noemvri 2014
Кога ќе ги исполниш молитвите или правилото, благодари Му на Бога. А ако не ги исполниш, прекори се себеси. Преп. Антониј
24 noemvri 2014
Каде што е просто, таму ангели до сто, а каде што е мудрувано, таму ни еден. Преп. Амвросиј
23 noemvri 2014
Господ почива во простите срца. Златото секаде се гледа, и од секаде ќе светне, дури и без оглед на рецките, а друг колку и да се дотерува, злато нема да биде. Преп. Амвросиј
22 noemvri 2014
Неговата сеопфатна промисла се простира како на сиот свет, така и на секого од нас, посебно. Преп. Макариј
- « Прва
- ‹ Претходно
- 17
- 18
- 19(current)
- 20
- 21
- Следно ›
- Последна »