26 март/8 април [1965], Собор на св. Архангел Гаврил.
Драг Глеб!
Не можам ништо да најдам за гонењата во Почаевската лавра во „Англиски Православен Живот“ (имаше нешто за сибирските селани- протестанти во јануари, 1963 г, но тоа беше сè), и јас немам никакви изданија на руски јазик до 1963 г.
Ѓаволот го започна својот труд против нас. Денес изутрина дојде една руска дама, нè погледна и ни раскажа, какви гласини се шират за нас во руската колонија: дека ние сме комунисти со продавница, полни со советски книги; дека ние сме советски дипломати, кои ја користиме таа продавница за да се прикриеме; дека сме американски неофити (!) и т. н. Но, кога сфати дека јас не сум русин, толку се зачуди, што не се противеше веќе толку и дури купи за 10 долари јајца, икони и разглединиц.
Кога ќе дојдеш, треба да размислиме за тоа, да нарачаме неколку големи икони од Џорданвил, дури и ако не се најдобри.
Повторно ја сместив објавата во „Руски Живот“ на крајот на оваа недела. За да го зачуваме остатокот од нашата репутација, не можеме да даваме објави во други весници. Ни треба, Скрипин или уште некој како него, да напише статија за нас за „Руски Живот“.
Моли се за мене,
Твојот брат во Христа,
Евгениј.