Оваа година, од 03/05 ноември, Битола е домаќин Четвртата светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог. Во програмата се опфатени повеќе пленарни дискусии, посветени на културните и религиозните разлики меѓу народите, а со тоа и на проблемите со мигрантската криза.
Втората панел сесија содржеше културна програма посветена на 1100-годишнината од упокојувањето на Св. Климент Охридски, во на која свое слово одржа Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, а потоа настапија хоровите „Херувими“ од Скопје, и хорот „Стив Наумов“ од Битола.