На 29/30.10.2016 г., Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар изврши осветување на храмот, посветен на Свети Јован Крстител, во Штрбово – Ресен.
Со залагање на благочестивата фамилија Петревски – Мурџеви, кои како „живи камења“ се вградија во ова дело, се подигна уште едно светилиште, кое ќе ги осветлува луѓето целиот нивни живот, и ќе ги поткрепува на патот кон спасението.
Нека Бог погледне на молитвите и срцата на верните, и да ги направи неоткинлив дел од Живиот Храм – Црквата, та пловејќи во тој кораб на спасението, безбедно да стигнат до Царството Небесно.
Честито и од Бога благословено!