На 28.10.2016 г., кога го празнувавме споменот на светите Четириесет Битолски Преподобномаченици, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот посветен на нивниот спомен, на Кркардаш, Битола.
Тропар, глас 4-ти: Ти, Кој доброволно…
На Битола благоуханите цветови, и сопричесници на мачениците Христови, светите Четириесет од душа да ги чевствуваме. Зашто тие, возвестувајќи ја православната вера, мракоподобната агарјанска заблуда ја изобличија; и поради отсечените божествени глави, од раскошот на рајот се насладуваат.