Пред точно 21 година во 1995 година на 22 октомври кога го празнуваме Св. ап. Јаков Алфеев, од страна на нашиот надлежен Aрхиереј, Mитрополитот Петар беа осветени темелите и започна изградбата на црквата потоа конакот со параклисот посветен на Св. Симеон Столпник.
На 21.10.2012 г., Петокот во 15 ч., Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Вечерна богослужба во манастирчето, кога беа донесени светите мошти и истото беше подготвено за осветување.
Утредента, на 22.10.2016 г., со почеток во 7 ч. се изврши осветувањето на храмот, после што беше отслужена првата Божествена Литургија.
Известува: Свештеник Михаил Матвеев