Кога старецот ги надминал своите овластувања

За вистинските и лажните старци – протоереј Теодор Бородин, старешина на храмот свети Козма и Дамјан во Маросејка (Москва).

Сомнителни совети

64
Протоереј Теодор Бородин

Старците, со кои имав можност да се сретнам – беа отец Герман (Красильников), отец Јован (Крестјанкин), отец Кирил (Павлов) и отец Илија (Ноздрин).

Отец Герман, кога ме виде мене, деветтокласник, и мојата сестра, нè повика по име, иако од никого порано не ги слушнал нашите имиња. Тој, во кратки зборови ми кажа многу важни работи за целиот мој иден живот. Помнам, како отец Кирил (Павлов) во Лаврата, мене, како студент, внимателно гледајќи ме во очите, исто така ме повика по име, како да го читаше во моите очи. Тоа се луѓе во кои јас навистина верував. Сега првите двајца се при Господа, а отец Кирил е недостапен. Така што, освен отец Илија, јас за себе си никого не можам да го наречам со зборот „старец“.

Некои од нив, со исклучок на отец Илија, за кои има гласини дека се старци, понекогаш даваат многу сомнителни совети, кои се многу тешки за коментирање.

За жал, многу луѓе, кои си го присвојуваат себе си тој епитет, на крај доаѓаат до тоа, како што покојниот Патријарх Алексеј ги дефинира како младостарчество.

Вистинското старчество – е служење, кое го дава само Господ, тоа е пророчки дух на Црквата. Притоа во правилна, библиска смисла, кога пророк – е не тој, кој ја открива иднината, а тој, кој ја открива Божјата волја за тебе во сегашноста.

Тоа е служба, во која човекот го повикува Светиот Дух.

434-600x399
Старец Илиј Ноздрин

 

Грубо мешање

Понекогаш ние гледаме, како некои свештенослужители се однесуваат себе си така, како Светиот Дух да им открива ним што да говорат, а според нивните плодови разбираме, дека тоа не е така. На крајот се случува грубо мешање во животот на другиот човек, непочитување на неговата сопствена слобода и прифаќање решенија за него тогаш, кога тој за себеси не бара ништо да прифати. Сето тоа во деведесеттите години цветаше во полн расцвет. Сега тоа е намалено, но сепак, сеуште постои.

Помнам еден многу почитуван стар московски духовник, кој со горчина раскажуваше, дека неговата парохијанка, која 25 години била под негова пастирска грижа, отишла во еден штотуку нов отворен манастир и таму некој новоракоположен јеромонах и кажал: „Ти кај својот духовник не оди, бидејќи брачното свештенство ништо од духовниот живот не знае. Подобро доаѓај кај мене еднаш во пола година. Јас ќе ти давам совети, и само што ќе ги исполниш, ќе се спасиш. Сега прави тоа, тоа и тоа“. И ете, тоа послушание, кое он ѝ го даде, не беше во согласност со нејзиниот реален живот, со нејзиното семејство, со нејзиниот маж. Со таквата, своеволно земена власт, човекот речиси го уништил животот на таа жена. Навистина колку такви уништени животи има– невозможно е да
ги изброиш!

Реализација на слободата

682436f64ee67b58f3b69abd090_prevЈас мислам, дека било кој свештеник, кој зема еднократно или постојано духовно раководство врз душата на другиот човек, должен е да го разбере тоа, дека неговата цел е – да го воспита тој возрасен човек, да ја реализира неговата христијанска слобода. Задачата на родителите, кои ги воспитуваат децата, – е да го направат тоа, за тие без нас да можат правилно да живеат: и духовно, и светски, да им ги дадат сите возможни навики, за тие, кога нас ќе нè нема билску, да можат правилно да ги донесуваат решенијата во овој многу сложен свет. Задачата на духовникот е точно таква – да го научи човекот слободно да донесува правилни решенија. А за тоа неопходно е да се воспитува слободата.

Како да се воспитува слободата кај детето? Нему постепено му се раширува полето на неговите донесени одлуки, и истовремено одговорноста за тие решенија. Ако тоа не го прави, ќе се оформи човек со скршена волја, кој не ќе можи да донесе ниту една одлука, и уште помалку, да ја примени во животот.

Задачата на свештеникот – е да застане и да му помогне на човекот во неговото растење. Кога ние, свештениците, земаме на себеси нешто повеќе, донесуваме било какви решенија за другиот човек – тоа е многу опасно, и ние многу тешко за тоа ќе одговараме пред Бога. Заради тоа, што ги надминуваме своите овластувања.

Јас не зборувам за тоа, дека ние сме должни цело време да молчиме и во сè да се согласуваме. Ако видиме, дека човекот донесува неправилно решение, ние сме должни да му кажеме нему, поаѓајќи од Светото Писмо, од Божјите Заповеди, од каноните, дека сепак вака е поправилно. А понатаму, самиот нека си донесува решенија.

Превод: м-р Игор Ризановски

Извор: http://www.pravmir.ru