Поставен камен темелник за 10-метарски крст во прилепско

Денеска во присуство на Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар, беше поставен камен темелник за 10-метарски крст над населеното место Новоселани- прилепско.

На 800 метри надморска височина, од каде се гледа поголемиот дел од долненска општина и прилепско поле, ќе се постави крст висок 10 метри, 7 метри широк и тежок 2 тона.

Идејата и финансиите за ова монументално свето дело, се од Владо Глигороски, наш сограѓанин, кој е родум од Новоселани, а живее во Прилеп.

Местото каде ќе биде поставен крстот беше копано на 28-ми август, за големиот христијански празник Голема Богородица.

p1330749 p1330753  p1330760p1330754

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА

Извор: markukule.mk