На 25.09.2016 г., во Четиринаесеттата недела по Педесетница, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во црквата Свето Благовештение во Прилеп.
На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Треба да се молиме, Господ да ни го покаже патот… Ќе се молиме на Господа, да нè спаси и да ни помогне во маките и потребите. Друго пристаниште и надеж не гледам. Човечките пресметки се суетни и погрешни. Кога ни се случува да треба да претрпиме нешто тешко, но знаеме, дека во тоа нема наша волја, се случува морално олеснување и мир на душата. Да биде волјата Божја! Да не ја посрами Господ верата наша и предаденоста на Неговата волја. Единствената надеж ни е во Бога. Ете цврста основа. Сето друго е минливо. Совршено не можеш да знаеш каде е подобро, каде е полошо и што те очекува. Да биде волјата Божја! Наше е – да ја чуваме верата и да се пазиме од секаков грев, а сè останато да Му предадеме на Бога.
Преподобен Никон Оптински