Молитвено правило на љубовта – Митрополит Антониј Сурожскиј

Има моменти, кога не наоѓаш никакви зборови: или си расеан, или си толку изморен, што немаш сили да зборуваш, макар биле тоа и свети, и прекрасни зборови – ти минуваат покрај свеста. Тогаш може да се направи она, што ме посоветува мојот духовен отец. Јас тогаш работев многу, и се изморував прекумерно. Се трудев да го исполнувам правилото и влечкав, влечкав – вечерното правило мене ми траеше час, два, три, додека не го извлечкам она, што нормален човек го прави во дваесет минути. И тој ми рече: „Престани да се молиш“. Јас реков: „Но, како така!“ Тој ме праша: „Кажи ми – ако не се помолиш, тебе ти е неудобно да спиеш, така?“ – „Да, неудобно!“ – „значи, ти мислиш, дека го подмитуваш Бога со тоа што ги исчитуваш тие молитви, и Тој е должен да внимава на тебе додека спиеш? Така не може. Ти прекрсти се и речи: Господи, по молитвите на оние кои ме љубат, спаси ме! – и легни да спиеш. И ниедна друга молитва половина година не ти давам. А кога лежиш, сети се, кој те љуби толку, што не треба ни да се молиш, зашто некој друг се моли. И кога ќе се сетиш на лицето, или името, или обликот, застани за миг и кажи: Господи, благослови го, благослови ја! Тој ме љуби, таа ме љуби, во нив – е моето спасение… Остани неколку минути со восхитувањето, дека овој твој човек, на кого ти можеби и одамна си заборавил, сега е твоја заштита пред Бога. Потоа ќе се сетиш на друг, трет, и ќе заспиеш“. И тогаш, молитвата станува реална…“

 

Митрополит Антониј Сурожскиј