„Бог ги создал и видливиот и невидливиот свет. Он ги создал и душата и телото. И ако видливиот свет е толку прекрасен, тогаш каков ли е невидливиот. А ако тој е поубав од овој видливиот, тогаш колку ли е над едниот и над другиот Бог, Кој го создал? А ако Создателот на сите добрини и убавини е над сè што е создадено, тогаш заради која причина умот го остава она што е најдоброто од сè и се занимава со она што е полошото од сè – со човечките страсти? Јасно е дека умот свикнал на тоа, однесувајќи се така уште од своето раѓање, не доживувајќи ништо повозвишено. На тој начин, ако преку долготрајна воздржливост од телесните задоволства и преку поучување во божествените работи, успеваме постепено да се ослободиме од лошите навики, тогаш нашиот ум ќе почне да напредува во подвигот – ќе се устрои кон божественото и ќе ги запознае своите сопствени духовни достоинства, за најпосле својата приврзаност да ја пренесе кон Бог.“
Навикнете се да бидете свети – Свети Максим Исповедник
Свети Максим Исповедник