По повод почетокот на новата учебна година, им посакуваме благословен и успешен почеток, напредување во знаењата, облагородување на душата, напредок и успех во добродетелите, и Божја помош во секое добро дело.
Во прилог, споделуваме неколку кратки поуки од Светите Отци, за значењето на образованието:
Свети Марко Подвижник
„Кој го презира знаењето и се фали со незнаење, тој е неук не само со збор, туку и со разум“.
Свети Филарет Московски
„Просветата носи добри плодови во општеството само тогаш, кога нејзината основа е верата“.
„Вознемирениот наставник не наставува, туку вознемирува“
Свети Димитриј Ростовски
„Садот не го губи својот мирис, добар или лош, на тоа, што претходно го впивал: истото е и со воспитувањето на децата! Затоа, неопходно е уште од деца да се приучуваат на доброто“.
Јован Златоуст
„Која уметност може да се спореди со уметноста на образование на душата и просветувањето на умот на младите? Човекот кој ја знае оваа уметност, треба да биде повнимателен од секој живописец и вајар“.