Од Писмата на отец Серафим Роуз / Писмо 16-то

20 јули, 1964 г. Свети пророк Илија.

Драг во Христа, брате Глеб!

Чекав некакви интересни новости, пред да ти напишам, но ништо интересно не се случи, затоа ќе ти напишам, тоа што има. Работата не оди многу добро, со исклучок на големата продажба на г-дин Ивановски (за која сеуште не сум добил пари).

Пристигна и „Добротољубието“, но досега го нема купено ниту еден човек. Вчера влезе Владимир. Заклучив, дека не се интересира нешто посебно за братството. Тоа значи, според мене, дека ние, двајцата „браќа“ треба да се трудиме уште повеќе.

До сега, ти би требало да го имаш добиено својот „Пајсиј Величковски“.

Шкафчето на Оља наскоро ќе биде завршено, и мислам ќе изгледа доста привлечно. Следно, можеме да го започнеме твојот шкаф, ако до следната сабота ја донесеш иконата.

Следново, треба да го нарачаш од Џорданвил:

10 секоја од сите икони 8×10 ½“ (3 размер).

10 молитвеници на руски јазик, мек повест.

10 избрани молитви кон Мајката Божја.

5 Псалтири, Бдение, Литургија.

5 Краток зборник на статии од Слободскиј

10 Свети Теофан Затворник „Што е духовниот живот“.

5 Талберг, ?.

10 Сологуб, „Отец Јован Кронштадски“.

5-10 Отец Јован Кронштадски „Мисли за Богослужбата“.

5 „Жив клас од духовната нива“ отец Јован Кронштадски.

5 […] Отец Јован Кронштадски.

10 Отец Јован Кронштадски, т. I „Мојот живот во Христос“.

20 Соколов, „Раководство за Православната Богослужба“.

Мислам, утре ќе избегам од се и ќе отидам во планина (само на еден ден).

Вчера дојде чевларот и ми ги донесе твоите чевли (треба да му платиш 4 долари и 75 центи).

Овие два празнични дни беа прекрасни, но мислам дека беа уште подобри во Монтереј.

Се плашам, дека не успеав да составам список на книги на англиски, но ќе се потрудам наскоро да се зафатам со него.

Како што гледаш, нема ништо ново. Претпоставувам ќе дојдеш следната сабота. Треба да размислиме за уште една објава за „Руски Живот“.
Ако е малку досадно ова писмо, тоа е затоа што сум изморен, инаку добро сум расположен. Се надевам и ти исто. Поздрав до мајка ти и до Ија.

Твојот брат во Христа,

Евгениј.