Драг Глеб,
Не знам дали ќе те видам денеска или не, па затоа ќе ти напишам. Не ја пополни целата исплатница, и банката може да се посомнева ако е пополнето со два различни ракописи. Како и да е, јас веројатно нема да слегувам во градот неколку дена. Можеш да го пополниш цело и да го испратиш по пошта? Тие би ти го вратиле преку повратна пошта.
Ги завршив повеќе од еден пакет со книги вчера, и се надевам да ги средам и двата како што треба до попладне.
Слушнав повеќето од говорот на Вл. Филотеј вчера и сум крајно неимпресиониран.
Најважните работи кои треба да ги направиш до следниот викенд е да ја исконтактираш Аријадна Ивановна околу рекламирањето, владиката Нектариј околу благословот (треба да му се јавиш веднаш, штом ќе стигнеш, петок навечер за да бидеш сигурен дека ќе има време) и да ги направиш подготовките за визит-картичките.
Твојот Словенски потпис изгледа многу убаво.
Г-ѓа Лангерон го донесе нејзиниот шкаф вчера. Таа мисли дека познава некој кој прави јајца.
Моли се за мене,
Твојот грешен брат во Христа,
Евгениј