На 12 август, 2016 г., започна да се емитува првиот православен видеоканал за лица со нарушен слух „Десница“. Проектот, кој функционира на видеохостингот YouTube, се пополни со првите 10 видеа на гестикуларен јазик, со превод. Во текот на август, количината на мисионерски видеа ќе порасне до 50, соопштува Патриархия.Ru.
Видеоканалот „Десница“ стана првиот општоруски проект на Центарот за работа со глуви и лица со нарушен слух, кој функционира при престолниот храм на Сите Светии, кои засветлиле во Руската земја, во Новокосино. Реализацијата на овој проект станала возможна, благодарение на конкурсот „Православна иницијатива“.
Според зборовите на настојателот на храмот, протоереј Михаил Зазвонов, основната задача после пуштањето на овој видеоканал ќе стане собирањето и анализата на обратната врска: „Одзивите на одбраната публика ќе ни помогнат да внесеме неопходни исправки при снимањето на новите видео-содржини. Искрено се надевам, дека ќе успееме во оваа година да снимиме уште 50 – 100 видеа“.
Центарот за работа со глуви и лица со нарушен слух, при храмот Сите Светии, кои засветлиле во Руската земја, во Новокосино, Москва, ја започнал својата работа во октомври, 2015 г.
До сега, формирана е општина од глуви и лица со нарушен слух, која брои 30 луѓе. Секоја недела (налето – во недела, започнувајќи од есента – во саботите) во храмот се служи Божествена литургија со сурдопревод, после која се одржуваат часови по веронаука за глуви.
Периодично се организираат екскурзии и поклонички патувања. Од февруари до мај, 2016 г., Центарот организираше курсеви за изучување на рускиот гестикуларен јазик.