21 февруари / 3 март. Вторник, утро.
Драг Глеб!
Денес, изутрина дојде пратка од Џорданвил, но не можам да ја подигнам до утре.
Ќе ти соопштам, што има во неа.
Вчера поминав покрај твојата банка, токму кога се затвораше, и токму навреме, за да видам, дека даваат сметки за сумата на влогот, но не даваат сметки за враќањето на сумата. Претпоставувам, дека треба да ги прашуваме за тоа, и се плашам дека ќе гледаат на мене со голем сомнеж, доколку го направам тоа. Но, тие вршат услуги и по пошта. Зошто едноставно не им го испратиш бројот од сметката и потпишано ливче со укажување на сумата, која сакаш да ја подигнеш, и можеби ќе ти напишат сметкопотврда за враќање и ќе ти ги испратат парите.
Вчера се снабдив со доволно даски за двата шкафови за книги и ја очекувам доставата во секој момент (моментално сум во продавницата). Тоа ме чинеше 15 долари, вклучувајќи ја обработката и доставата. Околу пет долари помалку, отколку што би нè чинело на било кое друго место, и помалку од половина од вредноста на шкафовите, доколку би ги купиле готови (то ест, доколку некој би ги направил за нас). Јас малку го изменив планот и успеав да заштедам малку пари.
Добра беше идејата на Ија да напишам за иконите за „Благовесник“. Речиси ја завршив статијата. Мислам дека „младичот“ Владимир ќе се сретне со епископот Филоте четврток вечер.
Ти го препраќам и писмото кое стигна изутрина.
Моли се за мене.
Твојот грешен брат во Христа,
Евгениј.
п.с. Ако знае мајка ти да прави убави велигденски јајца, обиди се да ја заинтересираш. Ќе ѝ платиме за трошоците.