Осветена црквата Св. Пантелејмон во Прилеп

По повод верскиот празник Св.Пантелејмон, кој е на 9-ти август и е храмов празник на новоизградената црква „Св.Великомаченик Пантелејмон“, на 07.08.2016 г., во дворот на Градската Болница „Борка Талески“ во Прилеп, денеска се изврши осветување, на оваа црква. Со чинот на осветувањето чиноначалствуваше митрополитот Преспанско–Пелагониски и администратор Австралиско-Новозеландски г.Петар во сослужение со прилепското архиерејско намесништво и поддржано со хорското пеење на хорот „Св.Петка“. Црквата „Св.Великомаченик Пантелејмон“, е со димензии 10 на 7 метри. Таа е еден од трите верски храмови што последните неколку години се изградени во Прилеп.
Храмот се изгради со помош на МПЦ, локалната самоуправа и со доброволни прилози од верниците и граѓаните. Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески наскоро најави осветување на уште една црква, на влезот во Прилеп, во близина на Могилата, која го носи името на Свети Наум Охридски.

1 6320-osvetena-crkvata-sv.velikomacenik-pantelejmon-960x600-5 6320-osvetena-crkvata-sv.velikomacenik-pantelejmon-960x600-6

6320-osvetena-crkvata-sv.velikomacenik-pantelejmon-960x600-4

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА

Извор: prilep.gov.mk