Вознесение господово

По Своето воскресение, Господ не пребива со Своите ученици, но во различно време им се јавува на различни места покажувајќи се во совршено живо воскреснато и прославено Тело.

на кои им Се претстави жив по Своето страдање со многу верни докази, јавувајќи им Се преку четириесетте дни и зборувајќи им за Царството Божјо.

(Дела 1:3)

Треба да се напомене дека рокот од четириесет денови се среќава многупати во Библијата и означува полн и доволен временски период (Бит.7:17; Излез 16:35, 24:18; Суд.3:11; 1 Цар.17:16; 3 Цар.19:8; Јн.3:4; Мт.4:2). И така, на четириесеттиот ден по Пасхата Исус Христос „се вознесува на Небесата” и откако го завршува конечно Своето служење како Спасител Месија, се враќа при Отецот.

и откако ги дигна рацете Свои, ги благослови. И кога ги благословуваше, се оддели од нив и се вознесуваше на Небесата. Тие My се поклонија и се вратија во Ерусалим со голема радост.

(Лк.24:50-52)

Празнувајќи го Вознесението на Христа од овој свет, ние знаеме дека тоа се случува заради нас и за сите луѓе. Господ оди, за да биде прославен со Бога Отца и да не прослави нас заедно со Heгo. Он оди, за да ни „приготви место”, за да не доведе до совршено пребивање со Бога. Он оди, за да ни го открие патот на плотта во „светилиштето“ и вистинската скинија, која ја воздигна Господ, а не човек (види Евр.8:2), за да ни Го испрати Светиот Дух за свидетелствување за Heгo во целиот свет, преку подвизите и силата на Своите ученици.

Како антифони на празничната литургија служат стиховите од 46-ти, 47-ми и 48-ми псалм. Тропарот на празникот, кој што се пее за време на малиот вход, е исто така и причестен стих:

Си се вознесол во слава, Христе Боже наш и си ги зарадувал учениците со ветувањето на Светиот Дух, уверувајќи ги преку благослову-вањето дека Ти Си Син Божји, Избавител на светот.

(Тропар)

Исполнувајќи ја промислата за нас си го соединил земното со небесното, Ти Си се вознесол во слава, Христе Боже наш, без да се одделуваш, но пребиваш неотстапно со нас и им велиш на оние кои Те сакаат: Јас сум со вас и никој не може да ве навреди.

(Кондак)