Исцелување на слепородениот

Bo шестата недела се раскажува за исцелувањето на слепородениот (Јн.9). Исус му ги помажал очите со прав од патот натопен со Неговата плунка и му наредил да се измие во бањата Силоам. Исцелувањето се случило во саботен ден, кога биле строго забранети секакви дејствија. Нарушувајќи ја старозаветната уредба, Христос покажува дека Он, Самиот, е вистински господар на саботата, рамен на Бога Отецот, зашто според Јудејското предание само Бог работи и во сабота управувајќи со светот.

Ние се идентификуваме со тој слеп човек, кој доаѓа, за да прогледа и да поверува во Исуса Христа, Синот Божји. И Господ со Своите божествени раце ги помажува нашите духовни очи и ги измива со водата на крштението.

Ослепен со моите духовни очи, при Тебе доаѓам, Христе, како слепиот по раѓање, и со покајание викамкон Тебе: Ти си Светлина пресветла за оние, кои се во темнина.

(Кондак)