Третата недела по Пасха е посветена на жените мироносици, кои дошле да го помажат телото на Спасителот по Неговата смрт и постанале први свидетели на Неговото Воскресение. Трите тропари на Велики Петок се пеат уште еднаш и од нив се составува темата на тој ден:
Кога слегна при смртта, Животе бесмртен, тогаш го умртви адот со блесокот на Божеството, тогаш ги воскресна и мртвите од преисподните, сите небесни сили повикаа: Животодателе Христе, Боже наш, слава Ти.
Благообразниот Јосиф од дрвото го симна Твоето пречисто тело, го обви со чиста плаштаница и, откако го помажа со миризливи масла, во нов гроб го положи.
Стоејќи при гробот, Ангелот им велеше на жените – мироносици: Миро им прилега на мртвите, а Христос се јави туѓ за гниењето, воскликнете: „ Воскресна Господ и му подари на светот голема милост”.