Како во пливањето, ние треба да „скокнеме“ и едноставно да започнеме. Има голема разлика помеѓу размислување или разговарање за молитвата на срцето, и вистински да се предадеш на молитва .Како почетник пливач, ние учиме само ако се наводениме. Светите Отци ни кажуваат, често, дека првото нешто што се случува е искуство на темнина и отпор. Потоа, кога ќе истраеме, мирот почнува да ја заменува темнината. Искушенијата може да станат многу поголеми, дури и искушенија да престанеме да се молиме, но ние помалку грешиме.
Светите Отци ни кажуваат дека како што продолжуваме да се молиме, да ги живееме Заповедите, одиме во Црква и го слушаме нашиот духовник, можеме да очекуваме да бидеме ослободени од неодлучност, вознемиреност, и двоумење. Нашата волја станува посилна. Можеме да очекуваме да бидеме достапни за другите на начини на кои поинаку не би можеле да бидеме, и стануваме поефективни и покреативни. Епископот Калистос Вер вели дека поминуваќи неколку моменти повикуваќи го Божјото Име секој ден, ние всушност ги променуваме сите останати моменти во текот на целиот ден. Во почетокот, можеби нема да има никакви нови сознанија и никакви пријатни чуства. Дали тоа било трошење на време? Не баш. Со вера, Христијанинот верува дека поминуваjќи време сакајќи да се моли, всушност вистински се моли, Го допира Милостивиот Бог. Бог слуша. И за возврат, Божјата Вистина се дознава преку директно искуство, понекогаш наречено интуиција. Нешто се случува, и нè променува на подлабоко ниво на свест, незабележително. Можеме да забележеме невидливи, субтилни замки, испратени од сатаната, токму заради тоа што ги зголемуваме нашите напори и се приближуваме кон Бога. Во извесна смисла, го потикнуваме непријателот на акција. Св. Јован Златоуст вели дека кога ние започнуваме да се молиме, тоа ја потресува змијата (која живее во нас) во акција, и дека молитвата може да ја спушти змијата ниско.
Нема ниеден друг аскетски напор потежок, поболен, од напорот да се приближиме до Бога, ни кажува старец Сорфониј. Кога започнуваме да се молиме, ние ја прошируваме нашата желба и труд. Резултатите остануваат на Бог. Вистинската молитва е дар од Бог, а не заслуга за нашиот труд. Молитвата делува во Невидливото Војување како наш дар од Исус, дадена како функција на нашата способност да ја примиме. Ја зголемуваме нашата способност да примаме, преку барање од Бог истата да ја зголеми, и Бог ни ја дава како што сака, на Својот нежен, милосрден начин.
Превод: Дамјан Божиновски
Извор: http://www.svots.edu/saying-jesus-prayer