На 26.06.2016 г., во првата недела по Педесетница, посветена на Сите Свети, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот Свети Георгиј во Ресен.
На Литургијата, Владиката го ракоположи во ѓаконски чин теологот Благоја Трајкоски, назначен при храмот Свето Благовештение во Прилеп.
Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.