Конкурс за запишување на редовни ученици во Македонската Православна Богословија во учебната 2016/17 година

 

Македонската Православна Богословија објавува

 

К О Н К У Р С

ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА РЕДОВНИ УЧЕНИЦИ ВО УЧЕБНАТА 2016/17 ГОДИНА

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови :

– да завршиле основно училиште;

– да имаат основно познавање од Православието;

– да се телесно и душевно здрави;

– да не се постари од 18 години;

– да не се женети, и

– да имаат одличен успех од 5-то до 8-мо одделение.

Приемниот испит се состои од писмена работа и тест по македонски јазик и испит по пеење.

Тестот по македонски јазик ќе го опфати материјалот од граматика и литература, а писмената работа ќе биде на тема од литературата или од лектирите од 5-то до 8-мо одделение.

Испитот по пеење се состои од проверка на музичките способности на кандидатите преку пеење на музичката скала и песни.

Кандидатите кои нема да освојат минимум 60 бода, се смета дека не го положиле приемниот испит и нема да бидат рангирани.

Молбите за прием се поднесуваат преку парохискиот свештеник и надлежниот епархиски архиереј до Управата на Богословијата. Приемниот испит ќе се одржи на 16. 06. 2016  ( четврток ), со почеток во 9 ч.

Кандидатите треба да ги приложат следниве документи:

– свидетелство за свето крштение;

– свидетелства од 5-то до 8-мо одделение;

– благослов од надлежниот архиереј;

– уверение од парохискиот свештеник за подобност на кандидатот за

свештенички чин;

– лекарска потврда, и

– писмена согласност од родителите дека кандидатот може да учи во

Богословијата и обврска од нив дека редовно ќе ги подмируваат интернатските трошоци, доколку кандидатот не е стипендијант.

За полагање на приемниот испит кандидатите се должни да уплатат 1500 денари кај секретарот на Богословијата, најдоцна на денот пред полагањето на приемниот испит.

Ќе бидат примени најмногу по тројца кандидати од секоја епархија.

Упис на вонредни ученици не се одобрува.

 

ОД УПРАВАТА НА БОГОСЛОВИЈАТА