Честитка од Австралиско-Новозеландската Епархија

ВАШЕ ВИСОКOПРЕОСВЕШТЕНСТВО,

Од името на верниците, свештенството и монаштвото, Македонските православни црковни општини и телата и органите на Македонската Православна Црква Епархија за Австралија и Нов Зеланд, Ви го честитаме 70-от роденден и 35 години од Вашето архипастирствување, од кои 21 година посветивте на МПЦЕАНЗ, со Вашето неуморно работење и мудро раководење, како надлежен Епархиски Архиереј, со благопожелби за уште поголеми постигнувања во Вашата света апостолска мисија. Иако немаме можност и лично да присуствуваме на свеченоста, организирана по овој повод, но во мислите молитвено и ние од оваа далечна, зад Океанот, земја Австралија, се разбира и од Нов Зеланд, учествуваме во овој голем и свечен настан за нашата света Македонска Православна Црква, уште еднаш посакувајќи Ви уште поголеми постигнувања во Вашата света Архипастирска мисија, на могу години Високoпреосвештени Владикo свјатиј.

 

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА,

ЕПАРХИЈА ЗА АВСТРАЛИЈА И НОВ ЗЕЛАНД