Архиерејска Божествена Литургија во манастирот Свети Атанасиј Велики – Смолево

На 14/15.05.2016 г, во втората недела по Велигден,  посветена на Жените Мироносици, кога го празнувавме и споменот од пренос на моштите на Свети Атанасиј Велики, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Вечерна богослужба, а утредента и Божествена Литургија во манастирот Свети Атанасиј Велики, с. Смолево, Битола. 

„Човечката природа, сама по себе не е доволна за да ги изгонува бесовите. Тоа може да се направи само со силата на Духот.

Во ништо не би се разликувале луѓето од бесловесните, ако не познаваа ништо друго, освен земното.

Гледајќи на величието на небото, и размислувајќи за устроеноста на тварите, луѓето би можеле да го познаваат и Водачот на тварите – Словото на Отецот, Кое со Својата промисла за се, на сите им дава да го познаваат и Отецот.

За истражување и точно разбирање на Светото Писмо, потребен е добар живот, чиста душа и христијанско достоинство, за да ја сфати разумот, преку разбирањето, колку што тоа го дозволува човечката природа, вистината за Божјото Слово. Невозможно е да се разбере учењето на светителите, ако човек нема чист разум, а пробува да го подражава нивниот живот. Секој, кој сака да ја види сончевата светлина, природно, ќе ги истрие своите очи, најпрвин очистувајќи ги, за малку да се приближи кон чистотата, на која гледа“.

 

Свети Атанасиј Велики

Во прилог, можете да ја преслушате беседата од Митрополитот г. Петар, од Вечерната богослужба:

Пренос на Моштите на Свети Атанасиј Велики