Бог стана Човек, за човекот да стане бог.
* * *
Синот Божји е неодделив од Отецот, како што е блесокот од светлината.
* * *
Словото се воплотило, за луѓето кои станале распадливи, повторно да ги подигне во нераспадливост и да ги оживи од смртта, присвојувајќи за Себе тело и со благодатта на Воскресението, унишувајќи ја во нив смртта, како огнот што ја гори сламата.
* * *
Господ, примајќи смрт како човек, ја претворил во ништо красноречивоста на мудрите за идолите! Чија смрт некогаш изгонувала демони? И од чија смрт некогаш се плашеле демоните, како од смртта Христова? Секаде каде што се произнесува името на Спасителот – се изгонува секој демон.
* * *
Кога сонцето ги сокрило своите зраци, земјата се потресла, горите се распаднале, сите се ужаснале; тогаш тоа покажало, дека Распнатиот на крстот Христос е Бог, а сета твар – слуги Негови, кои со страв сведочат за присуството на Владиката.
* * *
Спаасителот, како што го принесе на смрт за сите телото, така со телото пак го отворил за сите патот за искачување на небото.
* * *
Зошто Господ не претрпел некоја друга смрт, туку смрт на крст?.. Ако смртта на Господа е за искупување на сите, ако со неа се разрушуваат неразрушливите прегради и се призиваат незнабошците (Еф. 2, 14), тогаш на кој начин би можел Он да нè повика кон Отецот, ако не се распнел на Крст? Зашто само на Крстот се умира со раширени раце.