Протестантски пастор премина во Православие

На 17 Април, 2016 г., Никита Јеремејев, поранешен пастор на Протестантска заедница во Калининград, премина во Православие, соопштува официјалната веб-страна на Калининградската епархија.

„Моето враќање во Православието од Протестантизмот – вели Никита – не е дезертерство од армијата на непријателот, туку резултат на некоја еволуција во светогледот. Во Протестантизмот јас се запознав со Христос преку евангелската историја. А во Православието Го запознав Христос, Кој живее сега, во Таинствата на Телото на Црквата. Јас би го споредил моето преминување во протестантската општина со бегството од мисловниот Египет (од гревовниот свет) во Синајската пустина. А моето преминување во Православие – преминувањето преку Јордан, почетокот на освојувањето на Ветената Земја. Токму така го опишуваат животот на христијанинот древните отци на Црквата: тоа е борба и смрт во војната за земјата на кротоста, за животот со Христос во Царството Небесно“.

Раководителот на мисионерскиот оддел на Калининградската епархија, јереј Александар Пермјаков тврди дека протестантите имаат голем интерес за Православието.

„Проблемот е во тоа, што протестантите сретнуваат едно Православие во книгите, а друго – во животот на самите православни. И тоа е главната причина, зошто тие искрени луѓе до сега не се со нас“ – рече отец Александар.

 

Извор: http://www.pravoslavie.ru/english/93211.htm