Едно малечко девојче, се враќало од веронаука дома. Го сретнал некој атеист, кој ја забележал радосната насмевка на лицето на девојчето, и му рекол:
– Што толку се радуваш? – прашал атеистот.
– Се враќам од веронаука.
– И, што ви раскажуваа таму денеска? – решил да се потсмее на детето.
– Ни го раскажуваа настанот од Библијата за тоа, како пророк Јона го проголтала голема риба.
– Како може риба да проголта човек и тој, после сè да остане жив?
Девојчето се замислило за миг, но потоа одговорило:
– Не знам како се случило тоа, но кога ќе одам во рајот, ќе го сретнам Јона и ќе го прашам.
– А ако е Јона во пеколот? – прашал атеистот.
– Тогаш, ти ќе го прашаш.
Одговорило девојчето.