На 01.05.2016 г, на првиот ден од Светлото Христово Воскресение, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Голема Пасхална Вечерна во соборниот храм Свети Димитриј, во Битола.
Воскресното Евангелие беше прочитано на 15 јазици.
- Во почетокот беше Словото, и Словото беше +во Бога, и Бог беше Словото.
- Тоа во почетокот беше во Бога.
- Сè стана преку Него и без Него ништо не стана, што стана.
- Во Него имаше Живот и Животот им беше светлина на луѓето.
- И Светлината во темнина свети и мракот на ја опфати.
- Имаше еден човек по име Јован, пратен од Бога;
- тој дојде за сведоштво, да сведочи за Светлината, та сите да поверуваат преку него.
- Тој не беше Светлина, туку да сведочи за Светлината.
- Постоеше вистинска Светлина, Која го просветлува секој човек, што доаѓа на светов.
- Во светот беше и светот преку Него стана, но светот не Го позна.
- Дојде при Своите и Своите не Го примија.
- А на сите што Го примија – на сите што веруваа во Неговото име – им даде можност да станат синови Божји:
- кои не од крв, ни од похот машка, а од Бога се родија.
- И Словото стана тело и се всели во нас, полно со благодат и вистина; и ние ја видовме Неговата слава, слава како на Единороден од Отецот.
- Јован сведочеше за Него и велеше зборувајќи: „Овој е за Кого реков: Оној, Кој иде по мене, ме испревари, оти постоеше порано од мене!”
- И од Неговата полнота ние сите примивме благодат врз благодат;
- зашто Законот беше даден преку Мојсеја, а благодатта и вистината произлегоа од Исуса Христа.
(Јн. 1, 1-17)