На 29.04.2016 г., на Светиот и Велик Петок, утрото, Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар ги отслужи Царските часови и Вечерната Богослужба на погребението Господово во соборниот храм Свети Димитриј, во Битола.
Вечерта, во предвечерието на Велика Сабота, беше отслужена утрена Богослужба со оплакувањата и чинот на погребението на Спасителот наш, Господ Исус Христос.
Живот си Христе, но во гроб Те ставија.
Ангелските воинства се исплашија,
славејќи го, Твоето смирение.
Достојно е, Жизнодавче да Те славиме,
рацете на крст ги рашири,
и ја победи сета сила пеколна.
Народите сите,
погребението Ти,
Христе со песни го пеат.