Празникот на влегувањето Господово во Ерусалим.
Тој вход е доста долг. Затоа што Христос Спасителот оди низ цела света земја. Неговата крсна литија започнува. Тој оди со учениците, застанува на едно место, каде што се гледа Ерусалим, и почнува да плаче над Ерусалим. Го оплакува, плаче и вели: „Колку би сакал да ве соберам сите, како квачката што ги собира пилињата свои, но вие не посакавте“.
Плаче над сите тие луѓе.
Господ влегува во храмот.
Влегува во храмот, и што е првото, што го гледа таму, и што прави? Тој гледа, до што се спуштило сè духовно во храмот. До што дошле луѓето, што станале, наместо проповедници на Царството Божјо и Спасението, трговци земни. Го користеле храмот, главно како цел за да стекнат уште повеќе земна придобивка.
И тогаш, Христос Спасителот за првпат се покажува како страшен судија. Оној, кој Тој ќе стане на крајот на вековите, кога веќе ќе дојде на страшниот Суд, кога сите ќе бидеме разделени. Тој веќе и сега почнува да биде таков судија, и ги изгонува трговците од храмот.
И тогаш, кај Него пристапуваат книжниците-фарисеи, првосвештениците и велат: „Со каква власт го правиш тоа?“ А тој вели: „Кога би знаеле со каква власт го правам ова, немаше да го правите тоа, што го правите сега“. И тоа бил моментот на целосно разминување на Стариот и Новиот Завет. Меѓу стариот свет, кој изминува и новиот – кој доаѓа, кој ја носи со себе светлината на Евангелието и новиот светол Евангелски благодатен закон и новиот благодатен живот, кој води кон спасение.
Ќе дојде време, кога истите луѓе, кои пееле „Осана во висините, благословен е Оној Кој доаѓа во името Господово“, кога Христос го зел малечкото осле и мајката негова и на осле влегол торжествено, како цар во Ерусалим – Цар Небесен, но сепак во Ерусалим; истиот тој народ, после шест дена, на Велики петок, наместо зборовите „Благословен е Оној Кој доаѓа во името Господово“, ќе вика: „Распни го, распни!“.
Но, таму нема да биде некој, кој со радост трчал и го пречекал Христа Спасителот на денот на влегувањето Господово во Ерусалим.
Деца нема да има на Велики Петок.
Децата не учествуваат во распнувањето на Христа. Децата само радосно го поздравуваат Христа.
И тоа, исто така не е случајно. Бидете како деца – им рекол Христос на сите – без тоа, нема да влезете во Царството Небесно.
Епископ Василиј Родзјанко