Спомен на Оптинските Новомаченици, убиени на Велигден, 1993 г.

Еве веќе многу години, во Оптинската пустина секојдневно ги спомнуваат на Божествената Литургија убиените браќа – јеромонах Василиј (Рослјаков), инок Трофим (Татарников) и инок Терапонт (Пушкарев). Многубројни поклоници доаѓаат одсекаде да се поклонат пред нивните свети почивалишта и да измолат благодатна помош во духовните и животните потреби. 

Бог ги прославува своите избраници, кои животот свој го дале заради Неговото Свето име.

Веста за маченичката смрт на тројцата Оптински жители од рацете на сатанистот, на Велигден, 1993 година, како гром небесен ги потреси заспаните човечки срца, покажувајќи колку е близу Царството Небесно.

IMG_0039
Параклисот, каде се погребени тројцата Оптински новомаченици
IMG_458_1
Внатрешниот изглед на параклисот

gallery_337_396_219233

(Во прилог, извадок од дневникот на јеромонах Василиј (Рослјаков))

15 Јуни, 1988 г.

„Убавината ќе го спаси светот“, – напишал Достоевски. Убавината – е Бог. Колку и да го истражуваме нашиот живот, колку и да го разделуваме на составни делови, за да го разбереме неговиот механизам, животот, во својата целосност секогаш ќе биде прекрасен, Божествен и неспознатлив до крај, како што е неспознатлива убавината.

Колку и да го истражуваме составот на почвата, наоѓајќи во неа постојано нови и нови метали и соли, колку и да проникнуваме во тајните на наследноста, создавајќи нови гранки во науката, умни академии, институти, лаборатории, сепак цветот, кој се појавил на изучената земја, цветот, кој излегол од шематското семе, нè изумува со својата убавина.

Радоста, која ја дава знаењето, треба да се дополнува со радоста на созерцанието, и тогаш ќе биде совршена. „Сè знам, сè разбирам и сепак се чудам“, – вели човекот. Восхитувањето пред сè, изумувањето, без оглед на сите беди – тоа е убавината, тоа е спасението на светот, тоа е почетокот на патот кон Бога. А животот, без изумување пред убавината, што значи и без Бога, е празен и ништожен.

Поврзано:

Извадоци од Дневникот на јеромонах Василиј (Рослјаков)

Последното интервју со о. Василиј (Рослјаков) Оптински – убиен на Велигден, 1993

Извор: optina.ru

(Во подготовка е книга со житија и акатист за Оптинските новомаченици)