Благовештение на Пресвета Богородица – Архиерејска Божествена Литургија во Прилеп

На 07.04.2016 г., кога го празнувавме Благовестието кон Пресвета Богородица и почетокот на нашето спасение, во храмот Свето Благовештение, Прилеп, се отслужи Архиерејска Божествена Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, и голем број свештенослужители. 

На Божествената Литургија, присуствуваа и пратениците Ане Лашкоска и Димитар Стевананџија, како и мноштво верен народ, кој овој празник го почитува како слава за целиот град Прилеп.

Задостојник, глас 4

Благовестувај, земјо, радост голема,фалете ја, небеса, Божјата слава. Како одушевен Божји ковчег,никако да не те допре рака на скверните,устите пак, на верните кон Богородица немолчно,веста од Ангелот воспевајќи ја, со радост да извикуваат:радувај се, Благодатна, Господ е со Тебе.

P1270815 P1270841 P1270852 P1270875

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА