Крстопоклона Недела

На 03.04.2016 г, на Третата Крстопоклона Недела од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот Пресвета Богородица во Битола.

На Твојот Крст му се поклонуваме, Владико, и Твоето Свето Воскресение го славиме.

„Браќа, словото за крстот е безумство за оние, што гинат, а за нас, кои се спасуваме, сила Божја. Зашто е напишано: „Ќе ја погубам мудроста на мудрите и ќе го отфрлам разумот на разумните.” Каде е мудрецот? Каде е книжникот? Каде е препирачот од овој век? Не ја обезуми ли Бог мудроста на овој свет? Зашто светот со својата мудрост не Го позна Бога во Неговата премудрост; Бог благоволи со безумството на проповедта да ги спаси оние што веруваат. Оти и Јудејците сакаат знаци, а Елините бараат мудрост, ние, пак, Го проповедаме Христа распнатиот, Кој е за Јудејците соблазан, а за Елините безумство; за повиканите, пак, како Јудејците, така и Елините, Христа како Божја сила и Божја премудрост“.

(1 Кор. 1, 18-24)

P1270431 P1270440 P1270444 P1270476 P1270479

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА