Тежок е подвигот на спасение на душата, но тој се олеснува со помошта Божја и нашата усрдност, по чија сила, неотстапно работејќи, постепено ќе постигнеме успех, каков што не сме ни очекувале. Еден монах се помрачил од помислите за тешкотиите на спасението и не можел да го продолжи својот подвиг од унинието . Тој отишол кај еден свет старец и му раскажал за својата мака. Старецот, откако го ислушал братот, му ја раскажал следната приказна: некој човек имал земја, која поради небрежноста негова се станала необработлива, обрасната со трње и плевел; подоцна, видел дека е потребно да ја обработува и му рекол на својот син: „Оди, очисти го нашето поле“. Синот отишол. Кога го нашол полето, видел дека е обраснато со многу плевел и трња. Паќајќи со духот, тој си рекол: „Кога ќе го искорнам сето ова ѓубре и ќе ја исчистам земјата?“ Со тие зборови, тој легнал на земјата и заспал. Така правел многу денови. После тоа, дошол неговиот татко да види што направил, и видел дека ништо не е сработено. Тој му рекол на синот: „Зошто до сега ништо не си направил?“ Младичот одговорил: „Јас дојдов на работа, но кога видов многу плевел и трња, се откажав од работата, во очај паднав на земјата и заспав“. Тогаш таткото му рекол: „Синко! Ако секој ден обработуваше толкаво пространство од земјата, колкаво што зафаќаш кога лежиш на неа, работата твоја ќе се движеше по малку“. Слушајќи го тоа, младичот постапил по советот на таткото: за кратко време, полето било исчистено и обработено. Така и ти, брате, рекол старецот во поука кон монахот кој дошол кај него, малку-по малку влегувај во подвигот и не унивај, а Бог, со Својата благодат ќе те подигне во твојата претходна состојба. Слушајќи го тоа, братот заминал и постапувал така, како што бил научен. Наоѓајќи душевен мир, преуспеал во Господа.
Поврзано: Душеполезни молитвени размислувања
(Извадок од книгата во подготовка: „Гревот и средствата за духовна борба со него“)