Недела на Торжество на Православието

На 20.03.2016 г., во Неделата на Торжество на Православието, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во соборниот храм Свети Димитриј во Битола.

После Литургијата, светите икони беа изнесени за поклонение во храмот. 

P1270051

„Чедо мое, потсилувај се во благодатта, што ти е дадена од Христа Исуса, и сè, што си чул од мене пред многу сведоци, предај го на верни луѓе, ки се способни и други да научат. Па така, поднесувај страдања како добар војник на Исуса Христа. Оти ниеден војник не се вплетува во светски работи, за да му угоди на својот началник. А ако, пак, некој војува, сепак венец не добива, бидејќи не се борел според правилата. Земјоделецот што се труди, прв треба да вкуси од плодот. Разбери што ти зборувам; а Господ нека ти даде разум во сè! Помни Го Господа Исуса Христа од родот Давидов, Кој воскресна од мртвите, онака како што ви проповедав, поради кое страдам, дури до окови, како злочинец. Но словото Божјо не се врзува. Затоа сè трпам заради избраните, та и тие да добијат спасение во Христа Исуса со вечна слава“.

(Апостол: 2 Тим, 1-10)

P1260971 P1260982

ПРЕМИНИ КОН ГАЛЕРИЈА