Епархискиот весник „Вистина“, достапен и во електронска форма

Издавачката служба на Преспанско-пелагониската Православна Епархија, по благослов на Неговото Високо-преосвештенство, Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, може со задоволство да објави дека започнува со електронско издаваштво. 

Отсега, броевите на Епархиското списание „Вистина“, покрај печатената, ќе бидат достапни и во електронска форма, а постепено, ќе се пополнува и нашата електронска библиотека.

Подолу, можете да ги спуштите последните два броја од „Вистина“, а првата книга во најава е „Светите Отци – сигурен водич во вистинското христијанство“ – јеромонах Серафим Роуз.

vistina 87
ПРЕВЗЕМИ
vistina88
ПРЕВЗЕМИ