ТОМИНА НЕДЕЛА

Секој ден од пасхалната седмица, наречена Светла Седмица, се служи пасхална Литургија со Крстен опход (Литија). Царските Двери на олтарот и ѓаконските врати остануваат за цело време отворени. Во саботата вечерта настапува втората недела по Пасха, посветена на споменот кога Христос My се јавил на апостол Тома во осмиот ден.

Треба да се посочи дека бројот „осум” има огромно значење, како во еврејското, така и во христијанското духовно Предание. Co бројот „седум“ завршува земното време. Саботата е последен седми ден од седмицата и се јавува како благословен ден на почивката во овој свет, a првиот ден од седмицата, денот по саботата е обележан во сите Евангелија како ден на Христовото Воскресение и следствено како „осми ден”, кој што лежи зад пределите на овој свет, тој го означува животот во идниот свет, денот на вечниот покој во Царството Божјо (види Евр.4). На тој начин неделата по Пасха станува осми ден од пасхалната радост, последниот ден на Светлата Седмица. Затоа таа се нарекува „Антипасха“, (т.е. „наместо Пасха”) и имено, во тој ден, во раната Црква новокрстените христијани ги соблекувале од себе светлите крштелни облеки и повторно влегувале во световниот живот.

Сета смисла на тој ден ни ја разоткриваат зборовите на Евангелието:

Потоа (Господ) му рече на Тома: „Дај го прстот твој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверен, но верен!“. Одговори Тома и My рече: Господ мој и Бог мој. Исус му рече: „ Тома ти поверува оти Me виде; блажени се оние, кои не виделе, а поверувале“.

(М20:27-29)

 

Ние не го видовме Господа со своите очи и не го усетивме Неговото воскреснато Тело со Неговите рани, но затоа во Светиот Дух ние го гледаме, чувствувавме и вкусуваме Словото на Животот и на тој начин ние веруваме.

На секоја од делничните служби до Вознесение Господово, ние го пееме пасхалниот тропар. На секоја од неделните служби, започнувајќи од неделата на Мироносиците, ние го пееме пасхалниот канон и го повторуваме празнувањето на „првиот ден од седмицата”. На сите Литургии апостолските читања се земаат од книгата на Делата, која ни раскажува за првите христијани, кои живееле во општење со воскреснатиот Господ; а евангелското читање се зема од Евангелието од Јован, кое говори, пред се, за новокрстените, зашто во сите Господови „знаменија” (предзнаци) (како Евангелист ги нарекува Неговите чуда), се ползуваат вештества, кои влегуваат исто така и во извршувањето на тајните: леб, вино, вода. Затоа секоја недела по Томина (освен третата) е посветена на споменот на едно од тие „знаменија”