На 11-12 февруари, Рускиот Патријарх Кирил ќе ја посети Латинска Америка, вели христијанскиот Мегапортал invictory.com.
Прво, во неговата програма е неговата посета на Куба, каде Патријархот ќе се сретне со Раул и Фидел Кастро, рече претседателот на Одделот за надворешни црковни врски (ОНЦВ), митрополитот Волоколамски Иларион Алфеев на прес-конференцијата во Москва.
„Патријархот ќе пристигне во Куба вечерта на 11 февруари, по покана на Претседателот на Советот на државата и Министрите на Куба, Раул Кастро. Кастро ја покани Неговата Светост во Куба во 2009-та година, но заради неопходноста да се направат многу патувања во Руската Федерација, Украина, Белорусија, Молдавија и други православни епархии во странство, немаше можност оваа средба да се оствари побргу“ – рече главата на ОНЦВ.
Поканата беше повторена неколку пати, за време на средбата со дипломатските пратеници од Куба. Во септември 2015 г, Патријархот одлучи да го посети Островот на Слободата, истовремено со неговата посета за 45 годишнината од осветувањето на црквата во Хавана, прва од Московскиот Патријархат во чест на светите Константин и Елена.
Се очекува во недела, на 14 февруари, Претстојателот на Руската православна црква да отслужи Божествена Литургија во Рускиот православен храм во чест на Казанската икона на Мајката Божја во Хавана.
Извор: http://www.pravmir.com/russian-patriarch-kirill-will-meet-with-raul-and-fidel-castro/