Монахот и мулето – Приказна

Некој монах си купил муле – младо, лошо обучено. Го врзал со врвца за клупата, и го оставил да паси. Дошол подоцна, а мулето веќе се одврзало. Газдата кон мулето, а мулето – да го нема! Зел монахот узди – и по него. А тоа – по џбунови, по брегови – бега! Се изнервирал монахот: трчал по него, викал, бегал… Се преморил. Потоа си помислил: „Зошто да трчам по него? Тоа нека трча по мене!“

Отишол дома, зел леб со сол, седнал во на клупата и почнал да јаде, залак по залак… Слуша: зашумкале грмушките – мулето дошло поблиску, потоа излегло од грмушките, ги кренало ушите и почнало да мрда со ноздрите. И сè поблиску и поблиску до лебот. Потоа, застанало многу блиску, ја протегнало муцката и тивко за’ржало! Газдата не се воздржал – се изнасмеал! „Ах, ти! – рекол. – Глупчо! Добро, ајде, јади леб!“ Му ја ставил уздата и го однел во шталата.

Така и се спријателиле…

Ако сакаш да се справиш со расејаноста на умот, научи го на ред, кој ќе го привлече умот во срцето, слично, како што добриот домаќин го примавува коњот со парче леб и сол.

Извор: http://www.isihazm.ru