Почина муслиманинот, кој ги скри зад себе христијаните, за време на терористички напад – Кенија

 

Муслиманскиот учител Салах Фарах, кој ги излезе и ги сокри зад себе патниците-христијани, за време на напад на терористи-исламисти на автобусот, почина во болница.

Терористите од групата „Ал-Шабаб“ кои го нападнале автобусот, побарале, муслиманите да се одделат од христијаните, но неколку муслимани одбиле да го направат тоа. Меѓу нив бил и Салах Фарах, соопштува BBC.

Тој се здобил со прострелна рана и бил хоспитализиран во хируршкото одделение во болницата во престолнината на Кенија, Најроби.

„Тие ни рекоа: ако сте муслимани, тогаш не сте во опасност, – раскажуваше Фарах. – Ние им одговоривме: или убијте нè сите, или оставете нè на мира!“

Одговарајќи, зошто така постапил, муслиманинот рекол: „Луѓето треба да живееме во мир“.

„Ние сме браќа. Разликата е само во нашите верувања. Затоа, ги молам моите браќа муслимани да се грижат за христијаните, за и христијаните да се грижат за нас… Ајде да си помагаме еден на друг и да живееме мирно“ – ги повика тој.

Генералниот инспектор на кениската полиција, Џозеф Буане изјави, дека фарах бил вистински херој.

Братот на Салах Рашид изразил надеж, дека неговото саможртвување ќе го потпомогне востановувањето на меѓурелигиозниот мир во кениското општество.

5473_836928463099929_2417421931946916929_n

Извор: правмир.ру