Отешево , 19.01.2016. На големиот христијански празник Водици, оваа година во Oтешево, на плажата пред хотелот “LakeView` пред околу 1000 посетители `се изврши осветувањето на водите на Преспанското езеро со традиционалното фрлање на светиот крст во езерските води.Чинот на осветување на водите го водеа свештеници од Преспанско-пелагониската епархија од Ресенското архиерејско намесништво.
Најсереќен помеѓу 31 верник кој влегоа во ладните води на Преспанското езеро, меѓу кои имаше и една девојка, беше ресенчанецот 19-сет годишниот Дарко Барандовски кој изјави дека се чувствува среќен што успеа да го фати светиот крст и посака здравје и среќа да ги прати сите верници во оваа година.
Дарко на поклон од Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски доби Лед телевизор какои други пригодни подароци од МПЦ и Златара Сани од Ресен.
[youtube]https://www.youtube.com/watch?v=8HkytstuqfU[/youtube]
Извор: http://prespainfo.com