На 09.01.2016 г., на Третиот ден Божик, кога го празнуваме споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан, митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот Свети Кирил и Методиј во Прилеп.
На Литургијата, владиката го ракопроизведе во чтец дипломираниот теолог Миле Маџароски.
Тропар
глас четврти
- Првомачениче Христов и апостоле, со добар подвиг
- си се подвизувал, и си го изобличил безбоштвото на
- мачителите. Бидејќи со камења беше убиен од рацете на
- беззакониците, прими венец од Десницата што е во височините,
- а на Бога Му се молеше, извикувајќи:
- „Господе, не им го земај ова за грев!“
Кондак
- глас трети
- Господ вчера доаѓаше во тело, а денес слугата излегува од тело.
- Вчера Царот во тело се роди, денес слугата со камења е убиван:
- за Него и умира првомаченикот, божествениот Стефан.
[nggallery id=99]