Неверојатно чудо по застапништвото на свети Никола (ВИДЕО)

19 октомври, 2009 г, во Перм се случил многу сериозен настан. Утрото, во понеделникот, на автобусот, кој одел по централната улица на градот Перм, му се заглавила педалата за гас, и автобусот не можел да се сопре.

Сообраќаен метеж. Јас веќе не се сеќавам, зошто станав порано во тој ден и го поминав Комсомолскиот проспект 5-10 минути, пред „разбеснетиот автобус“ да помина по истата маршута. Од видео-репортажата подолу, се гледа колку лесно ги растурка автомобилите, и каква трага остави зад себе.

Повеќе од три километри помина автобусот, кој имаше патници, по центарот на Перм, утрото во еден работен ден – и ниеден сериозно повреден. На видеото се гледа, како пешакот, буквално за чудо не се најде под тркала. Со мал потрес на мозокот се здобија само четворица. Нешто го спречило возачот да се обиде да заврти – тогаш би се случил масакар и со автобусот, и со патниците и пешаците. Тој тргнал по единствениот, во моментот безопасен пат. По патот не сретнал ни трамваи, ни тролејбуси, ни автобуси, чија маршута го пресекувала неговиот пат на многу раскрсници. Благо завртел, дури пред бившиот соборен храм (во репортажата спомнат како уметничка галерија) и храмот на свети Митрофан Вороњежски  – завртел сосема малку налево – кон споменикот на св. Николај Чудотворец – и на скалите кон него застанал: колцата останале во воздух.

Ако возачот ја фател кривината поостро – би се превртил, да го продолжел патот право – би поминал покрај галеријата, и најверојатно, од висина 3-5 метри би паднал на Набережната. Жртвите би биле неизбежни.

Повеќето Пермчани гледаа на тоа имено како на чудо. За скептиците, ќе приведам цитат од kp.ru: „Во разбеснетиот автобус не биле исправни ниту системот за управување со воланот, кочниците, копчето со кое возачот можел од неговото место да го исклучи моторот. За тоа раскажа началникот на одделот на Полицијата во Перм (ГИБДД УВД)  Алексеј Карин“. Види: http://www.kp.ru/daily/24428.4/597310/

Јас тогаш и самиот бев невоцрковен човек, па дури и не бев крстен. И го мешав Николај Чудотворец со Стефан Великопермски. Но, и покрај тоа, и јас, и многу мои другари, далечни од Црквата, забележавме како тој светител ги сочува луѓето.

Видео-репортажа од локалната ТВ „Рифеј“.

 

Извор: http://www.pravoslavie.ru/61692.html