На 09.12.2015 г, кога го празнуваме споменот на осветувањето на храмот на св. Георгиј Победоносец во Киев, (свети Георгиј Посен), митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот посветен на „Св. Георгиј“ во селото Дервен – Прилеп.
На Литургијата присуствуваше и градоначалникот на градот Прилеп, господинот Марјан Ристески, како и многуброен верен народ, кој дојде да ја одбележи храмовата слава.