На 04.12.2015 г, митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот „Св. Благовештение“ во Прилеп.
Тропар, глас 4:
Денес нa Божјото благоволение е предобразување и на спасението на луѓето – проповедање: во Божјиот храм јасно Дева се јавува и Христа на сите го предвестува. Кон неа и ние велегласно да извикаме: Радувај се, на промислата на Творецот – исполнување.
Кондак, глас 4:
Пречистиот храм на Спасот, многувредниот дворец и Дева, свештената ризница на Божјата слава, денес се воведува во Господовиот дом, благодатта сововедувајќи ја, Онаа што во Божествениот Дух е, Неа Божјите ангели ја воспеваат : Таа е Небесно престојувалиште.
[nggallery id=82]