Удостој не Господи, да се сочуваме од грев – Старец Софрониј Сахаров

Удостој нe Господи, денеска без грев да нe зачуваш. Многупати ја повторував оваа молитва на Црквата. Нашиот безгрешен живот на земјата, ни ја отвора вратата кон Небото. Она што го спасува човекот не е богатството на знаењето. Животот без грев е она што нe подготвува за живот со Бога во идниот век. Благодатта на Светиот Дух нe поучува на вечните вистини според мерата на нашето живеење согласно заповедите: возљуби Го твојот Бог и твојот Создател со целото твое битие и возљуби го твојот ближен како самиот себеси. Да, исполнувајте ги секогаш овие заповеди!

 

Извор: mpc.org.mk